Приведен кумановец: Крадел од возила и приватни имоти

Сподели со своите пријатели

Четириест и петгодишен кумановец е приведен под сомнение дека извршил кражби од повеќе возила и приватни имоти.

Loading...

– На 07.03.2024 во 17.15 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.Ф.(45) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тој се сомничи дека извршил повеќе кражби од возила и приватни имоти во Куманово.

А.Ф. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Куманово ќе донира пари за Нови Сад и семејството на загинатиот Васко Саздовски