Приведен кумановец кој ги нападнал сопругата и синот

Сподели со своите пријатели

Четириесет и седумгодишник од Куманово бил приведен вчеравечер по пријава дека физички ги нападнал сопругата и синот.

– На 23.07.2026 во 19:25 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Р.В.(47) од Куманово затоа што физички ги нападнал неговите сопруга и син, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Викенд прогноза за Куманово: Денеска посвежо и со услови за нестабилност