Приведен криминалец од кумановско баран со потерница

Сподели со своите пријатели

Четириест и едногодишен кумановец бил приведен вчера откако по него била распишана потерница за издржување затворска казна.

Loading...

– На 05.09.2024 во 22.35 часот, полициски службеници од СВР Куманово го привеле Х.M.(41) од с. Сопот, кумановско, кој бил баран по потерница врз основа на наредба од Основен суд Куманово за издржување на казна затвор од две години, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, лицето има изречена затворска казна за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи “ по член 396 од Кривичниот законик.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Уапсен Косовец кој шверцал мигранти низ кумановско

– Х.М. бил спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Куманово за издржување на казната, стои во соопштението.

Никола Ивановски