Приведен крадец од Куманово, одземеното вратено на сопственикот

Сподели со своите пријатели

Четириесетгодишен кумановец е приведен под сомнение дека извршил кражба.

Loading...

– На 22.04.2022 од страна  на  полициски службеници Одделението за криминалистички работи  Кисела Вода е расчистено кривично дело „кражба“ извршено на  12/13.04.2022 во Сопиште, скопско, при што е пронајден сторителот на делото, Т.Т.(40) од Куманово, со кого е извршен службен разговор во кој тој во целост го призна извршувањето на кражбата, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што стои во соопштението на полицијата, Т.Т. во периодот од 12/13.04.2022 од 33-годишен жител на Сопиште одзел поголем број алати и материјали и ги натоварил во своето товарно возило со кумановски регистарски ознаки.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец нападнат на ГП Табановце

Полициски службеници од СВР Куманово извршиле претрес кај Т.Т. во Куманово, при што биле пронајдени предмети поврзани со кривичното дело, кои се одземени и вратени на сопственикот.

По документирање на случајот против Т.Т. ќе биде поднесена кривична пријава по чл.235 од Кривичниот законик.

Никола Ивановски