Приведен 55-годишен кумановец оти ја нападнал сопругата

Сподели со своите пријатели

Педесет и петгодишник од Куманово бил приведен по пријава дека физички ја нападнал неговата сопруга.

Loading...

– На 04.05.2025 година во 18.20 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода З.Ј. (55) од Куманово, затоа што физички ја нападнал неговата 43 годишна сопруга, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од кумановската полиција, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановската Гимназија „Гоце Делчев“ го одбележа патрониот празник (ВИДЕО)