Четириесет и четиригодишен кумановец бил приведен вчеравечер по пријава дека ѝ се заканувал на својата сопруга.
– На 08.09.2026 во 21:25 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода О.К.(44) од Куманово, постапувајќи по претходна пријава дека се заканувал на неговата сопруга, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Никола Ивановски

