Приведен 28-годишник од Куманово баран со потерница

Сподели со своите пријатели

Дваесет и осумгодишен кумановец бил приведен вчеравечер за доиздржување на затворска казна.

Loading...

– На 31.10.2024 во 23 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.Р. (28) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат оттаму, тој бил осуден на една година и шест месеци затворска казна за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот закони, а бил баран по потерница за доиздржување на една година и четири месеци од казната.

Лицето било спроведено во Казнено поправна установа Затвор К’шање за доиздржување на казната.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  „Кочо Рацин“ победник во Oпштинската училишна футсал лига

Никола Ивановски