Пристигнува пиво за билдери: Американска компанија ќе произведува протеинско пиво

Сподели со своите пријатели

Американската компанија Supplemental Brewing Protein Beer планира на пазарот да понуди пиво од кое можете да се напиете и да се билдате во исто време.

Loading...

Веруваме дека секој после напорниот тренигн треба да биде во можност да без грижа на совест испие ладно пиво – е слоганот на компанијата која преку Kickstarter се обидува да придобие пари за почеток на производството.

Нивните амбиции се темелат на два производи – BrewTein i NutriBeer.

BrewTein содржи седум грама протеини, што според тврдењата на компанијата го прави пивото со најголема количина на белковини во светот, а за само 178 калории на половина литар BrewTein спаѓа во слабо калорични пијалоци. Љубителите на пијанчењето исто така нема да бидат разочарани. Имено, BrewTein содржи и пет проценти алкохол, што го сместува меѓу стандардните пива.

Вториот производ, NutriBeer е нешто полесна верзија на билдерско пиво. Содржи само четири грама протеини, но затоа содржи и само седум грама карбонхидрати, за разлика од првиот производ кој има 13. Има 122 калории и содржи четири проценти алкохол.

Сепак експертите се сомневаат во успехот на оваа пиво. Имено, бројни нутриционисти тврдат дека во телото, освен протеини, по напорен тренинт се потребни витамини и вода, што овие два пијалока не го содржат.

Исто така, алкохолот е и силно диуретичко средство, па така ја загрозува хидратацијата на телото која е клучна за обновата на мускулите по напорниот тренинг.