Принцот Вилијам денеска во Париз ќе се сретне со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп.
Принцот и Трамп ќе се сретнат пред свеченото отворање на катедралата Нотр Дам, која беше уништена во страшен пожар.
Принцот од Велс и новоизбраниот претседател на САД се очекува да разговараат за важноста на „специјалната врска“ меѓу Обединетото Кралство и САД.
Британските медиуми јавуваат дека принцот Вилијам ќе се сретне и со првата дама на САД во заминување Џил Бајден, сопруга на претседателот Џозеф Бајден.
Покрај Доналд Трамп и Џил Бајден, меѓу гостите се и италијанскиот претседател Серџо Матарела, грчката претседателка Катерина Сакеларопулу, како и педесетина други шефови на држави, меѓу кои и германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, како и белгиската кралска двојка Филип и Матилда. и многу други.
Предвидено е претседателот Макрон да одржи краток секуларен говор пред катедралата, по што парискиот надбискуп ќе ја изврши првата церемонија и ќе ги отвори вратите на зградата, по што ќе следи литургија со благослов.
Свеченоста ќе заврши со концерт, нешто по 21 часот. Макрон неодамна ја посети париската катедрала со сопругата Брижит, кога светската јавност имаше можност за прв пат на ТВ да ја види снимката од внатрешноста на реновираната зграда.
Медиумите објавија дека овој скапоцен камен на готската архитектура од 12 век е темелно реновиран и дека неговата осветленост и живите бои на витраж се зачудувачки.
Нотр Дам се запали во 2019 година, кога избувна под покривот на зградата, а пожарот беше изгаснат 15 часа подоцна во пожарот изгореа покривната конструкција со камбанаријата, а внатрешноста на катедралата, горните ѕидови, а стаклата се тешко оштетени.
Се проценува дека на реконструкцијата на катедралата, која чинела околу 860 милиони евра, работеле речиси 2.000 луѓе.
Околу 14 милиони луѓе годишно ја посетуваат катедралата Нотр Дам.