Рускиот тајкун и пријател на Владимир Путин, Владимир Соловјов објави видео на Твитер во кое ја напаѓа и се заканува на Италија.
„Нека треперат европските копилиња. Повторно ќе ги поминеме Алпите и ќе видиме дали се сеќаваат во Милано како ги бакнуваа рацете на руските војници“, вели Соловиев во видеото што на Твитер го сподели Антон Герашченко, советник на украинскиот министер за внатрешни работи.
„Ако ќе бидете груби, копилиња, тогаш знајте дека Русите се движат бавно, но возат брзо“, рече Соловиев, потсетувајќи се на походот на руската војска на северот на Италија во 1799 година.
Тогаш рускиот генерал ја поразил француската војска, која била принудена да го напушти Милано.
Attention, Italy!
Solovyev threatens that “Milan will remember how they kissed the hands of Russian soldiers” pic.twitter.com/flX0fMGHNR
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) February 28, 2023
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.