Приходот од билетите за мечот КК Куманово – МЗТ наменети за Максим Стојановски

Сподели со своите пријатели

Како што информира управата на МЗТ Скопје,  од денеска се пуштени во продажба билетите за третиот натпревар од финалето на плеј-офот со Куманово.

Loading...

Натпреварот се игра утре од 19 часот во СЦ „Јане Сандански“, а целиот приход од продажбата на билетите кои се по цена од 100 денари ќе одат за помош на малиот Максим Стојановски.

МЗТ Скопје Аеродром и претходно донираше средства за Максим кој има проблеми со видот. Приходот од влезниците продадени на дербито со Работнички (15 мај) во последното коло од Суперлигата беа наменети за лечењето на Стојановски.

Моменталниот резултат во финалната серија е 2-0 во победи за МЗТ Скопје и со евентуален триумф четврти пат во низа „сино-белите“ ќе го освојат шампионскиот трофеј.

Од клубот ги повикаа сите љубители на кошарката да купат билет за утрешниот дуел и со тоа да му помогнат на малиот Максим.

Извор: Курир


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *