Презентирани потенцијалите за развој на иницијативи од Куманово, Липково и Старо Нагоричане (фото)

Сподели со своите пријатели

Потенцијалите за развој на иницијативи од регионот, односно општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане вчера беа презентирани во канцеларијата на Здружението за рурален развој – Акциона група „АБЕР 2015“ година во Старо Нагоричане.

Во организација на Мрежата за рурален развој на Република Македонија со подршка на проектот на УСАИД за адаптација на земјоделството кон климатските променисе сретнаа делегацијата на Европската „ЛЕАДЕР“ асоцијација за рурален развој – ЕЛАРД која претставува Сојуз на Европските локални акциски групи со претставници на двата потенцијални пред – ЛАГ’ови  „АБЕР 2015 “ и „Гласот на селото“ .

На едночасовен состанок беше и делегација составена од тројца членови од Естонија пред која освен што беа презентирани потенцијалите за развој на иницијативи од регионот, исто така се зборуваше и за искуства во спроведувањето на ЛЕАДЕР пристапот кај земјите членки на Европската Унија.

 

Loading...

nagoricane aber 2

 

На средбата беше договорена понатамошна соработка помеѓу асоцијацијата и нашите два пред – Лаг’ови во сферата на руралниот развој“  изјави Маја Тасевска од  „АБЕР 2015“ .

Делегацијата предводена од Кристина Таметс – претседател на ЕЛАРД, а составена и од претставник од Министерството за рурален развој на Естонија и Националната Рурална мрежа од Естонија , имаше можност да посети еден наш член како претставник на бизнис сектор, а тоа е  „Еко грин пулп“ од Куманово – фабрика за рециклирање на хартија и производство на табли – подлошки за јајца , кој имаат тесна соработка со живинарски фарми од регионот и пошироко, а по состанокот во нашата канцеларија во Старо Нагоричане ја посетија и црквата Св.Горѓија како место кое има големо значење во нашите стратешки документи за развој на туризмот – изјави Маја Тасевска од „АБЕР 2015“.

Како што додава Тасевска на средбата е договорена понатамошна соработка помеѓу асоцијацијата и двата пред – Лаг’ови во сферата на руралниот развој.