Претставата „Женидба“ во понеделник премиерно во Театар Куманово

Сподели со своите пријатели

Кумановскиот театар во понеделник ќе биде домаќин на претставата „Женидба“ во изведба на Театар при ЈОУ. Дом на Култура„ Иван Мазов-Климе“ – Кавадарци.

Loading...

Претставата е според текстот на Николај Васиљевич Гогољ, а под режисерска палка на Драган Белјановски. На сцената на кумановскиот театар оваа драма ќе биде во интерпретација на актерите Владанка Недева, Снежана Карова, Милица Гочевска, Видан Станоев, Диме Коцевски, Љупчо Настов Костадин Прокопов, Александар Малинков, Валентина Ѓорѓиева, Деан Атанасов и Коле Колев.

Театар Куманово ги поканува сите љубители на македонската драма да присуствуваат на оваа културна манифестација, која во понеделник, на 7-ми декември е со почеток во 20 часот.

Цените може да се набават по цена од 100 денари на билетарницата на театрот која работи од 10.00 – 14.00ч. и од 17.00 – 20.00 часот.