Претседателот на Виетнам поднесе оставка

Сподели со своите пријатели

Виетнамскиот претседател Нгујен Ксуан Фук поднесе оставка откако владејачката Комунистичка партија го прогласи за виновен за прекршувања и неправилности од страна на функционери кои му биле подредени, пренесува државната новинска агенција.

Loading...

Фук (68), поранешен премиер, на претседателската функција беше неполни две години, што е главно свечено, а засега не е јасно кој ќе го замени.

„Целосно свесен за својата одговорност пред партијата и народот, тој поднесе барање да поднесе оставка од назначената функција, ја напушта и се повлекува“, објави виетнамската новинска агенција, повикувајќи се на изјава на моќниот и влијателен Централен комитет на КП.

Се шпекулира дека оставката на Фук е поврзана со оставките во јануари на двајца вицепремиери кои работеа со него додека тој беше премиер.

Оставката сепак мора да ја потврди Националното собрание.

Моќта во Виетнам официјално се потпира на четири столба, и тоа моќниот партиски секретар, потоа претседателот, премиерот и претседателот на парламентот.