Претседателот на ФИФА на самитот на Г20: Нека има примирје за време на Светското првенство

Сподели со своите пријатели

Лидерите на Г20 седнаа на маса. Сепак, пред да почнат да јадат, домаќинот на самитот Јоко Видодо ги претстави претседателот на МОК Томас Бах и претседателот на ФИФА Џани Инфантино, кои накратко им се обратија на лидерите.

Loading...

Пет дена пред, како што пишува Гардијан, контроверзниот Мундијал во Катар, Инфантино се залагал за мир во име на фудбалската заедница и повикал на едномесечен прекин на огнот во Украина за време на турнирот.

„Фудбалот е многу повеќе од обичен спорт. Има огромно општествено влијание. Станува збор за страст, толеранција, инклузија и образование.

Бидејќи фудбалот го обединува светот, Светското првенство е можност да ги зближиме луѓето во мир и да уживаме во нешто многу потребно во турбулентното време во кое живееме“, изјави Инфантино.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Erick Thohir (@erickthohir)