Претседателот на Австрија, Александeр ван дер Белен денеска е пуштен од болница, а лекарите му наредиле одмор.
Loading...
Ван дер Белен (78) вчера доцна попладне бил донесен во болница, откако бил повреден во планинарска несреќа.
Тој се здоби со повеќе гребнатинки и потрес на мозокот.
Ван дер Белен, како што е објавено на Твитер, се лизнал додека одел по планината Каунеграт во провинцијата Тирол.
Неговото обезбедување го однело во болница, каде што бил прегледан и надгледуван во текот на ноќта.
Од неговиот кабинет беше соопштено дека претседателот е добро, но дека ќе мирува во наредните денови, по препорака на лекарот.
ПРОЧИТАЈТЕ И: Убиен маж „се врати“ со помош на вештачка интелигенција и се обрати на убиецот (ВИДЕО)
Затоа и ги откажа закажаните состаноци на европскиот форум Алпбах.