Претседателката на Косово во официјална посета на Македонија

Сподели со своите пријатели

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја пречека претседателката на Република Косово, Вјоса Османи-Садриу, која престојува во официјална посета на Република Македонија.

Loading...

 

 

Претседателот Пендаровски и претседателката Османи-Садриу одржаа тет-а-тет средба, по што следуваше пленарен состанок на двете делегации.

Во фокусот на разговорите се севкупните билатерални односи меѓу Северна Македонија и Косово и можностите за нивно унапредување, европската перспектива на двете држави, актуелните случувања по однос на дијалогот Белград-Приштина, како и состојбите во поширокиот регион, во контекст на војната во Украина.

 

Loading...

 

По завршувањето на пленарниот состанок на делегациите, предвидено е претседателот Пендаровски и претседателката Османи-Садриу да одржат заедничка прес-конференција.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Од 15 декември започнува акцијата за новогодишната кошничка