Претседателката на Хондурас Ксиомара Кастро ги обвини САД за мешање во внатрешната политика на земјата, опишувајќи го наводниот американски интервенционизам како „неподнослив“.
Loading...
Таа додаде дека му наредила на министерот за надворешни работи да го „поништи“ договорот за екстрадиција со САД, пренесува Ројтерс.
– Мешањето и интервенционизмот на САД, како и нивната намера да ја насочат политиката на Хондурас преку својата амбасада и други претставници, се неподносливи – рече таа во објавата на социјалните мрежи.