Претрес во Куманово, пронајдени дрога и пиштол

Сподели со своите пријатели

Триеет и едногодишен кумановец бил приведен вчера откако полициајта дома му пронашла марихуана и пиштол.

Loading...

– На 13.03.2024 во 15.20 часот во Куманово, полициски службеници од Отсекот за  недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово го лишиле од слобода Д.Р.(31) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и пиштол. Д.Р. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Претставата „Младиот чорбаџија“ во понеделник во Куманово