Претепан вработен во ЈП „Куманово паркинг“

Сподели со своите пријатели

Жител а селото Черкези физички нападнал вработен во Јавното претпријатие „Куманово паркинг“.

Loading...

– На 15.02.2023 во 17.30 часот во СВР Куманово, Д.Ц.(41) од село Режановце, кумановско, пријавил дека на работното место во Ј.П. „Куманово паркинг“ на улица „11 Октомври“ бил физички нападнат од Е.А. од село Черкези, кумановско, а друго лице му оштетило личен предмет, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Никола Ивановски