Претепан 46-годишен липковец, добил и закани со оружје

Сподели со своите пријатели

Четириесет и шестгодишен жител на липковското село Лојане бил физички нападнат од лице кое му се заканувало и со оружје.

Loading...

– На 02.03.2024 во 16.10 часот во СВР Куманово, М.К.(46) од село Лојане, липковско, пријавил дека во 15.00 часот во село Никуштак, липковско, едно лице физички го нападнало и му се заканило со огнено оружје, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Оттаму додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски од Пелинце: Ароганцијата на оние кои дозволија отварање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива