Прескапата Венеција ќе биде уште поскапа

Сподели со своите пријатели

Новата такса од 10 евра погодува околу 15 милиони туристи кои секоја година ја посетуваат Венеција, но се задржуваат подолго од еден ден. Тоа е 15 милиони по 10 евра.

Loading...

Со векови луѓето ја посетуваат Венеција, убавиот италијански град, за да ги видат познатит канали на кои лежи градот. Но, сега за таа „забава“ ќе треба да платат малку повеќе.

Со мерката на градските власти на Венеција, која веќе ја одобри италијанската влада, предвидено е наплаќање од 10 евра такса за туристите кои сакаат да го посетат градот во текот на еден ден, не задржувајќи се на ноќевање.

Новите мерки во градската каса ќе донесат милиони евра, што би требало да ги „смири“ локалците на кои „дневните туристи“ им одат на нерви затоа што прават метеж, не оставајќи притоа премногу кеш во локалните кафулиња, ресторани и продавници за сувенири.

Градските власти на Венеција проценуваат дека од 24 милиони туристи кои секоја година го посетуваат овој град, 14 милиони доаѓаат на дневна посета.

Точниот износ на таксата во случаите уште не е утврден, но ќе се движи од 2,5 до 10 евра, во зависност од тоа дали туристите во Венеција доаѓаат во екот на сезоната, надвор од неа и слично. Предвидено е од плаќањата да бида тослободени студентите, бизнисмените и државјаните на Италија.

Италијаните мислеле и на оние кои мислеле дека ќе го „надмудрат“ новиот правилник, па веќе се знае дека оние кои ќе се обидат да влезат во Венеција без да платат такса, ќе бидат казнети со 450 евра.

Парите собрани од туристичка такса ќе бидат употребени за работите кои ќе помогнат градот кој полека тоне во лагуната, да биде сочуван.

Loading...

– Не сакаме едноставно да заработиме. Само сакаме да го контролираме приливот на туристи. Не сакаме Венеција да стане тематски парк, вели градоначалникот Луиџи Бруњаро.

Leave a Reply