Јапонскиот премиер Фумио Кишида од 9 до 14 јануари ќе ги посети Франција, Италија, Канада и Америка, каде ќе се сретне со шефови на држави за да разговара за безбедноста и мултилатералната соработка.
Loading...
„Премиерот за време на посетата ќе оствари средби со лидерите на споменатите земји на кои ќе разговара за повеќе прашања, како регионални и меѓународни прашања, вклучително и Украина и билатералните односи“, се вели во соопштението на јапонското Министерство за надворешни работи.
РИА Новости пренесува дека Кишида планира да разговара и за самитот на Г7 чиј домаќин е Хирошима од 19 до 21 мај.