Премиерот на Гренланд подготвен да разговара со Трамп

Сподели со своите пријатели

Гренландскиот премиер Муте Егеде изјави дека е подготвен да разговара со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, кој изјави дека сака контрола над арктичкиот остров, и побара да се почитуваат аспирациите за независност на територијата, пренесува Хина.

Loading...

Трамп, кој ќе биде инаугуриран за претседател на 20 јануари, ја опиша контролата врз Гренланд, полуавтономна данска територија, како „апсолутна неопходност“, пишува Ројтерс.

Тој не ја исклучи примената на воен или економски притисок, вклучително и воведување царини за Данска.

Егеде им рече на новинарите во Копенхаген дека сè уште не контактирал со Трамп.

„Но, ние сме подготвени да разговараме. Данска и Гренланд се подготвени да го интензивираат дијалогот со САД. Во минатото соработувавме со САД и ќе продолжиме да соработуваме“, рече Егеде.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Цените на нафтата се зголемија поради американските санкции кон Русија

Стратешко значење

Данската премиерка Мете Фредериксен рече дека побарала средба со Трамп, но не очекува тоа да се случи пред инаугурацијата.

Гренланд, дом на 57.000 луѓе, беше данска колонија до 1953 година и сега е самоуправна данска територија.

Во 2009 година, Гренланд го доби правото на глас за да ја обезбеди својата независност.

Loading...

На север од оваа стратешки важна територија се наоѓа американска воена база.

Егеде нагласи дека народот копнее за независност, да биде „господар во својот дом“.

„Тоа треба да го почитуваат сите“, рече премиерот и додаде дека тоа не значи „прекин на сите врски, соработка и односи со Данска“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Три пожари делумно изгаснати во Лос Анџелес, уште три горат неконтролирано