Предвремени претседателски избори во Азербејџан во февруари

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев, најави дека предвремените претседателски избори во таа земја ќе се одржат во февруари следната година, јавува Анадолија.

Loading...

„Централната изборна комисија на Република Азербејџан треба да обезбеди вонредните претседателски избори во Република Азербејџан да бидат закажани за 7 февруари 2024 година“, рече Алиев, соопшти Претседателството, пренесува Анадолија.

Следните претседателски избори во Азербејџан беа закажани за 2025 година.