Предлогот на Германија, ОН да ја преземат контролата над Газа наиде на критики

Сподели со своите пријатели

Германија ја изнесе идејата дека Обединетите нации (ОН) би можеле да ја преземат контролата врз Газа штом ќе заврши војната меѓу Израел и Хамас, во документ што го виде Политико.

Loading...

Израел воведе целосна опсада на Газа во деновите по 7 октомври, прекинувајќи ја храната, горивото, водата и струјата на 2,2 милиони луѓе, од кои повеќето се потпираа на помош пред опсадата.

Блокадата доведе до она што многу претставници на ОН и меѓународни организации го нарекоа хуманитарна криза.

Амбасадорот на Израел во САД го критикува предлогот на Германија ОН да ја преземат контролата врз Газа, предлагајќи наместо тоа, Израел да ја контролира палестинската територија на недефиниран временски период.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Борел: ЕУ мора да изврши притисок врз Израел поради војната во Газа

„Не сум сигурен дека моделот на ОН е најдобриот модел бидејќи немаме добро искуство со силите под мандат на ОН“, рече израелскиот претседател Исак Херцог во средата во интервју за подкастот Power Play на Politico.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен ја повтори идејата на ОН во нејзиниот говор пред амбасадорите на блокот минатата недела, но дипломатите на ЕУ и палестинската страна се спротивставија на предлогот.

„Идејата е неприфатлива“, изјави за Политико Абдалрахим Алфара, шеф на палестинската мисија во ЕУ, Белгија и Луксембург.

Улогата на ОН, тврди Алфара, е да обезбеди меѓународна заштита на границите меѓу двете идни земји, Израел и Палестина.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Најмалку 14 Палестинци загинаа во нападите на израелските сили ширум Газа

„Напротив, германскиот предлог е ОН да ја преземат контролата врз Газа“, рече тој.

Херцог, исто така, се спротивстави на предложената улога на ОН во Газа, иако од различни причини.

„Потребни ни се ефективни сили на терен кои можат да се справат со терористите и нивната инфраструктура. Тоа е она што го бараме. А за тоа има неколку модели“, тврди тој.

Потсетуваме дека минатата недела премиерот Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе ја преземе севкупната безбедносна одговорност за Газа на неодредено време.

Американскиот државен секретар Антони Блинкен и највисокиот дипломат на ЕУ Жозеп Борел се спротивставија на тоа, велејќи дека Израел не може повторно да ја окупира Газа по завршувањето на војната.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Најмалку 14 Палестинци загинаа во нападите на израелските сили ширум Газа