Празна актовка ја крена на нозе кумановската полиција

Сподели со своите пријатели

Актовка оставена на улицата „Доктор Рибар“ во Куманово денеска ја крена на нозе полицијата откако било пријавено дека актовката е сомнителна.

Loading...

– На 10.07.2024 година во 09.46 часот во СВР Куманово Н.И. од Куманово пријавил дека на улицата „Др. Рибар“ во Куманово пронашол актовка, којa изгледала сомнително, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Сепак, актовката била празна.

 

 

– Полициските службеници од СВР Куманово веднаш го обезбедиле местото и по извршените проверки било утврдено дека се работи за празна актовка, велат од кумановската полиција.

Никола Ивановски

Loading...