Прашкаста материја пронајдена кај кумановец, а во домот археолошки предмети

Сподели со своите пријатели

Триесет и петгодишен кумановец бил приведен вчеравечер откако полицијата кај него пронашла прашкаста материја.

Loading...

– На 17.09.2024 во 20.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода З.П. (35) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Но, при пртерес во неговиот, дом според СВР Куманово, биле пронајдени и археолошки предмети.

– При преглед кај него била пронајдена прашкаста материја, а потоа при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени монети и други метални предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од крвично дело по член 265 од Кривичниот законик, велат од кумановската полиција.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Четири возила се судрија на патот Куманово – Крива Паланка, седумина повредени

З.П. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски