Ако мислевте дека секое зошто има свое затоа, размислете повторно откако ќе ги прочитате прашања во продолжение:
Доколку псотои Бог и тој се открие себе си пред сите, дали верниците ќе го прифатат како свој Бог?
Ако вселената настанала со голема експлозија, што постоело претходно?
Зошто мачките предат?
Која е целта на смртта?
Зошто жените проаѓаат низ менопауза, а мажите не?
Што се наоѓа на дното на океанот?
Која е целта на постоењето на се?
Ако се во универзумот застане, вклучувајќи ги атомите и честиците, дали ќе застане и времето или тоа тече и кога се друго стои?
Како да знаеме дека постоиме?
Што не чини луѓе?
Ако вселената се шири, што се наоѓа надвор од неа?
Дали стареењето е неизбежно?
Знаете ли одговор на некое од нив?