Познато кој европски лидер прв ќе се сретне со Трамп

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Доналд Трамп следната недела во Белата куќа ќе го прими британскиот премиер Кир Стармер, со што ќе биде првиот шеф на влада од европска земја што ќе биде примен во Вашингтон од Трамп во неговиот втор мандат.

Loading...

Ниту една страна се уште не го соопшти точниот датум на средбата.

„Следната недела премиерот на Велика Британија ќе биде тука во Белата куќа“, изјави портпаролката на Белата куќа Каролин Левит во вторникот за Фокс њуз, пренесува N1 Хрватска.

Тензиите меѓу Трамп и Европа се високи откако претседателот разговараше по телефон со рускиот претседател Владимир Путин – кој го смета за отфрлен од поголемиот дел од Западот – за обидите да се стави крај на војната во Украина.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп: Време е за избори во Украина

Тој потоа го испрати својот државен секретар Марко Рубио да се сретне со неговиот руски колега Сергеј Лавров во вторник во Саудиска Арабија, каде повторно се разговараше за Украина без присуство на украински или европски претставници.

„Ајде да се погрижиме сите страни да бидат слушнати, но мора да разговарате со двете завојувани страни за навистина да преговарате за договор и да го решите проблемот, а ова е значаен прв чекор кон мирот“, додаде Левит.

Стармер во понеделникот беше во Париз на итни европски разговори за ситуацијата во Украина.

Тој рече дека Британија е подготвена да учествува во можните меѓународни мировни сили во Украина во случај на прекин на огнот во тригодишната војна што ја иницира Путин.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Протест пред американската амбасада во Киев