Познати сите учесници на ракометното европско првенство во Полска

Сподели со своите пријатели

Македонската репрезентација успеа да се пласира на уште едно големо натпреварување и во јануари 2016 година ќе биде дел од ЕХФ ЕУРО што ќе се одржува во Полска.

Loading...

Нашата репрезентација вчеравечер во решавачкиот натпревар од групата ја победи Чешка со 32:28.

Пласман на шампионатот изборија: Хрватска, Норвешка (група 1), Данска, Белорусија (група 2), Шведска, Словенија (група 3), Исланд, Србија, Црна Гора (група 4), Унгарија, Русија (група 5), Франција, Македонија (група 6), Шпанија, Германија (група 7), додека Полска како домаќин ќе биде 16-та селекција.

Резултати од последното 6.то коло и конечни табели по групите:

Група 1: Хрватска – Турција 40:26 и Норвешка – Холандија 38:24.
Табела: Хрватска 10, Норвешка 10, Холандија 4, Турција 0.

Група 2: Белорусија – Литванија 31:24 и Данска – БиХ 26:25.
Табела: Данска 12, Белорусија 6, БиХ 4, Литванија 2.

Група 3: Словенија – Летонија 37:20 и Шведска – Словачка 27:22.
Табела: Шведска 11, Словенија 9, Летонија 4, Словачка 0.

Група 4: Исланд – Црна Гора 34:22 и Србија – Израел 32:23.
Табела: Исланд 9, Србија 8, Црна Гора 7, Израел 0.

Loading...

Група 5: Унгарија – Украина 32:28, Русија – Португалија 35:33.
Табела: Унгарија 12, Русија 8, Португалија 4, Украина 0.

Група 6: Франција – Швајцарија 31:22 и Македонија – Чешка 32:28.
Табела: Франција 12, Македонија 7 , Чешка 5, Швајцарија 0.

Група 7: Шпанија – Финска 39:16 и Германија – Австрија 31:29.
Табела: Шпанија 10, Германија 10, Австрија 4, Финска 0.