Две лица загинаа, а две се повредени кога избувна пожар во хотел во ски-центар во северозападна Турција, соопштија локалните власти.
Според пишувањата на медиумите, загинат е познат скијач и неговиот син.
Трагедијата се случила во ски-центарот Улудаг во провинцијата Бурса, изјави градоначалникот на Бурса Мустафа Бозбеј, пренесе телевизијата НТВ.
Прелиминарните извештаи покажуваат дека за време на пожарот во хотелот имало 12 лица.
Кога станува збор за жртвите, турските медиуми јавуваат дека загинале поранешниот национален скијач Јахја Уста (57) и неговиот син, националниот скијач Беркин Уста (25).
Медиумите потсетуваат на изјавата на спортистот пред заминувањето на Зимските олимписки игри во Пекинг 2022 година.
– Учеството на Олимписките игри ми беше сон уште од детството. Иако се соочив со многу тешкотии, го освоив правото да ја претставувам мојата земја на Зимските олимписки игри во Пекинг во 2022 година. Секако дека сум многу среќен и горд. Секогаш давав максимум и се трудев да постигнам добри резултати на секое натпреварување на кое учествував. Сакам да дадам максимум на Олимпијадата, да постигнам добар резултат и да покажам дека сме и на врвот на светското скијање.
По трагедијата, хотелот беше затворен и претходно евакуиран поради истекување на дозволата за туристичка дејност, која не била обновена.
Пожарот е ставен под контрола и покрената е истрага, јави НТВ.