Во понеделник без струја неколку локации во Куманово

Сподели со своите пријатели

Неколку локации во Куманово во понеделник (13.07.2026 година) привремено ќе останат без напојување со електрична енергија.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, во период од 08:00 до 12:00 часот прекини ќе има во делови од индустриската зона во Речица.

Во период од 08:30 до 14:00 часот без струја ќе бидат корисниците на улицата „11 Ноември“ поточно од мостот пред населбата Бедиње до „Мока кафе“.

Прекини во период од 09:00 до 10:00 часот ќе има и во населбата Карпош, поточно корисниците меѓу м.в. Бара и ТС „Ратко Тишлер“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Три малолетнички нападнале врсничка од Куманово

Никола Ивановски