Насади со пченица, бадеми и лешници изгореле вчера во пожар во селото Старо Нагоричане, откако претходно било запалено стрниште.

Како што информираат од Територијалната противпожарна единица од Старо Нагоричане, пожарот избувнал во месноста Беле Грамаде.

На терен интервенирале тројца пожарникари со две возила во период од 15:15 до 16:40 часот.

Според информации од Регионалниот центар за управување со кризи, имало уште еден пожар на запалена сува трева и стрниште во истото село.
Двајца пожарникари интервенирале на терен од 18:20 до 19:45 часот.
Во моментов нема активни пожари.
Никола Ивановски

