Пожарот во Бељаковце стигна до првите куќи

Сподели со своите пријатели

Пожарот во кумановското село Бељаковце станува сериозен и стигна до првите куќи, информираше вечерва директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов.

Loading...

– Пожарот во селото Бељаковце станува многу сериозен и пожарот е дојден до првите куќи на селото кои се одамна напуштени. Пожарникари од Старо Нагоричане се обидуваат да го сопрат оганот. Упатени се кон селото Бељаковце, вели Ангелов.

Како што додава тој двата полициски и еден армиски хеликоптер рано утринава ќе бидат подготвени веднаш да полетаат доколку во текот на ноќта не биде локализиран огнот.

– Пожарот е сериозен. Значително е проширен. Сувата трева и ниската вегетација, ветерот кој овде дува, веќе сум во непосредна близина на Бељаковце, прават пожарот да се шири бргу и постои можност да се зафатени некои од горните куќи, кои се напуштени, но постои можност пожарот да зафати и други куќи, додава тој.

 

 

Кон селото се упатени и пожарникарите на ТППЕ Куманово.

Loading...

Пожарот изби попладнево во атарот на селата Руѓинце и Бељаковце.

Никола Ивановски