Пожарот стигна до Димонце: Истрели од просторија која гори (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Истрели се слушаат од напуштена помошна просторија во атарот на селото Димонце каде се префрли огнот од Руѓинце кое е зафатено од голем пожар.

Loading...

Како што информира директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов, дрвената куќа целосно е во пламен, а од внатре се слушаат истрели.

 

 

Во пожарот во Руѓинце изгоре и плевна.

– Блиските куќи за среќа не се зафатени од огнот, додава Ангелов.

Инаку во гаснење на пожарот се вклучени и хеликоптер на полицијата и Ер трактор на Дирекција за заштита и спасување.

Loading...

– Засега нема изгорени куќи, пожарот е до првите куќи во Белјаковце, изгореа една стара напуштена куќа и една дрвена плевна, авионите на ДЗС и хеликоптерот на МВР значително помогнаа, велат од ТППЕ Старо Нагоричане.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мартинијан ќе настапи на фестивалот „Бисер на Јадранот“

Двете села се наоѓаат на територијата на Општина Старо Нагоричане.

 

Никола Ивановски