Пожарникарите изгаснаа осум пожари и една семејна куќа на ул. Трета МУБ

Сподели со своите пријатели

Како што соопштува Регионалниот центар за управување со кризи, во текот на изминатото деноноќие, ТППЕ Куманово бележи дури осум интервенции, при што пожарникарите гаснеа пожар претежно предизвикан од опожарена сува трева и стрништа.

Loading...

Имено, вчера се регистрирани пожари на ул. Бајрам Шабани на опожарена сува трева, на Пчински пат, во с. Четирце и с. Горно Којнаре, во с. Орашац, како и во с. Тромеѓа во м.в Амбар, каде било интервенирано со едно ПП возило и четворица пожарникари.

Во текот на вчерашниот ден, пријавен е и пожар на ул. Трета МУБ во време од 20:20 до 20:55 часот каде тројца пожарникари гаснеа запалена семејна куќа.

Интервенирано е и на ул. Ѓуро Пуцар на опожарен електричен столб, каде е делувано со 1 ПП возило и тројца пожарникари.

Пожарникарите на ТППЕ Куманово, во текот на изминатото деноноќие гаснеа пожар и во општина Липково, поточно во село Лукаре, каде ден претходно била опожарена дабова и букова шума со однапред исечени гранки. Пожарот е регистриран во 14 часот а бил ликвидиран неколку минути пред полноќ.