Пожар во националниот парк во Тенерифе, евакуирани пет села (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Шумски пожар беснее во североисточниот дел на канарскиот остров Тенерифе, кој го отежнува силниот ветер.

Loading...

Жителите на околните населени места беа евакуирани како мерка на претпазливост, а беше прекинат и пристапот до шумата околу вулканот Теиде.

Во гаснењето на пожарот што избувна завчера учествуваа 11 хеликоптери и 150 пожарникари, а мобилизирана е и единицата за итни случаи.

Според првите проценки, од пожарот е зафатена површина од 150 хектари.

Пожарот што избувна вчера вечерта беснееше низ шумска област со стрмни клисури во североисточниот дел на канарскиот остров Тенерифе, што им отежна на пожарникарите да го изгаснат пожарот.

 

 

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Експертите очекуваат глобалната инфлација да остане висока до 2028 година

– Пожарот е силен и се наоѓа во комплицирана област, изјави регионалниот лидер на Канарските острови Фернандо Клавихо на прес-конференција во Тенерифе.

– Напорите се насочени кон спречување на пожарот да се прошири на претежно станбени места во близина на брегот, додаде тој.

Околу 10 хеликоптери испуштаат вода, а 150 пожарникари и 50 војници работеа на локализирање на пожарот.

Властите велат дека може да биде потребно повеќе од еден ден за да се стави пожарот под контрола.

Пожарот уништи околу 130 хектари земјиште во близина на вулканот Теиде, највисокиот врв во Шпанија.

 

 

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  S&P: Проблемите во автомобилската индустрија може да ѝ наштетат на Централна Европа

За неколку часа пожарот се прошири на повеќе од 300 хектари, а има и многу секундарни пожари, изјави Педро Мартинез, шеф на итната служба на Тенерифе.

Селата Аррате, Чивисаја, Медиа Монтаа, Ајафоа и Лас Лагунетас беа евакуирани, а локалните власти соопштија дека ќе бидат преземени дополнителни мерки во текот на денот.

Роза Давила, претседател на советот на Тенерифе, рече дека сите пристапи до планините на островот се затворени.

Таа ги повика жителите и туристите да се држат настрана од пошумените области поради опасноста од натамошно ширење на пожарот.

– Ова го правиме за да спречиме какви било инциденти, рече Давила.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Шпанија сака да воведе 100 отсто данок на имот за купувачите кои не се од ЕУ земји

Минатата недела топлотниот бран на Канарските острови остави многу области целосно суви и го зголеми ризикот од пожар.

Ова лето пожарникарите гаснеа голем број пожари на островите Гран Канарија и Ла Палма, кои се дел од архипелагот на Канарските острови.

Два аеродроми во Тенерифе работат нормално, јавува Радио Канариас.

Loading...

Пожари на југот на Франција

Пожари има и на југот на Франција, долж границата со Шпанија. Повеќе од 3.000 луѓе беа евакуирани, меѓу кои и туристи од четири кампови.

Пожарот, со кој се борат повеќе од 500 пожарникари, зафати 50 мобилни домови.

Во гаснењето учествуваа повеќе од 10 противпожарни авиони и хеликоптери.