Пожар во Калифорнија: Уништи над 130 згради, 13-ти најголем пожар во историјата

Сподели со своите пријатели

Повеќе од 130 објекти се уништени во пожар во Калифорнија, што предизвика итна евакуација во четири окрузи, соопштија денеска властите.

Loading...

Пожарот избувна во петокот вечерта и уништи повеќе од 239.000 хектари, приближно колку Сан Диего, што го прави 13-ти најголем шумски пожар во историјата на државата, објави Си-Ен-Ен.

Во гаснењето на пожарот се ангажирани повеќе од 1.600 пожарникари, а поради ширењето на пожарот во опасност се уште 4.200 објекти.

Началникот на пожарникарите Били Сиј изјави дека во вечерните часови ветровите најверојатно ќе ослабат, а влажноста на воздухот ќе биде поголема, што ќе им даде на пожарникарите поголеми шанси да го изгаснат пожарот.

Локалните власти рекоа дека ќе помине некое време пред да им биде дозволено на луѓето да се вратат во своите домови.

Полицијата има осомничен за подметнување пожар.

„Осомничениот е уапсен под сомнение дека го турнал запалениот автомобил во провалија“, соопштија властите.

 

Loading...