Пожар во Калифорнија: Двајца загинати, се бара евакуација на 3.000 куќи

Сподели со своите пријатели

Најмалку две лица загинаа, а илјадници беа повикани да ги напуштат своите домови поради пожар што избувна во вторникот во Калифорнија, во областа на Лос Анџелес, која во моментов е зафатена од висока топлина, јавува агенцијата АФП.

Loading...

Според првиот извештај на пожарникарите, едно лице е хоспитализирано поради тешки изгореници.

Пожарникарите ги повикаа жителите на повеќе од 3.000 куќи да се евакуираат, додека властите истовремено предупредуваат на можноста за прекин на струјата.

Горат 1.600 хектари земја

Пожарот избувна во понеделникот во близина на градот Хемет, југоисточно од Лос Анџелес, и изгоре повеќе од 1.600 хектари. Изгореа неколку згради, а училиштата во областа беа затворени.

Пожарот „многу брзо се прошири, пред да пристигнат пожарникарите“, објасни портпаролот на пожарникарите на Твитер.

Покрената е истрага за утврдување на причините за пожарот. Во исто време, компанијата за снабдување со електрична енергија Јужна Калифорнија Едисон пријавила дефект во моментот на пожарот во областа.

Таа компанија веќе платила милијарди долари за пожарите во Калифорнија предизвикани од нејзината лоша инфраструктура.