Пожар во болница кај Рим. Тројца мртви, 200 евакуирани

Сподели со своите пријатели

Најмалку три лица загинаа во пожар во болницата „Сан Џовани Евангелиста“ во градот Тиволи во близина на Рим.

Loading...

Се претпоставува дека две лица починале поради недостиг на кислород, а третото од срцев удар, пренесува Анса.

Околу 200 пациенти се евакуирани во други болници во Рим.

Обвинителството во Тиволи соопшти дека покренува истрага и нареди обдукција, а причината за пожарот ќе се знае по завршување на истрагата.

Според првите информации, пожарот избувнал во подрумот, а потоа се проширил на мртовечницата и оттаму на првиот кат од болницата.