Повторно поскапува еден од омилените пијалаци на Германците

Сподели со своите пријатели

Германците треба да се подготват за ново поскапување на пивото, еден од нивните омилени пијалаци.

Loading...

Трошоците се зголемуваат, изјави директорот на Здружението на германски пивари Холгер Ајкеле, пренесува агенцијата dpa.

Енергетиката продолжува да поскапува, што ги оптоварува пиварниците. Исто така, нагло растат и цените на суровините и полупроизводите. Поскапуваат и логистиката и работната сила.

Голем број компании веќе најавија поскапувања. Од друга страна, по три години криза, пивската индустрија е многу поотпорна од порано, наведува dpa, пренесува N1.

Според Ајкеле, продажбата на пиво малку закрепнала. Германските пиварници продале околу 8,1 милијарди литри во првите 11 месеци од минатата година, што е за 3,2 отсто повеќе отколку во истиот период во 2021 година.

Сепак, продажбата на пиво е сè уште послаба во споредба со 2019 година, последната година пред пандемијата, кога беа продадени 8,5 милијарди литри.