Управната зграда на поранешната фабрика за леб и бели пецива „Житомел“, во текот на вчерашниот ден повторно била во пламен, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.
Имено припадниците на Територијалната против пожарна единица од Куманово вчера во период од 14:10 до 18:30 часот интервенирале на гаснење на споменатиот пожар и тоа со три против пожарни возила и пет пожарникари.
Причината за настанување на истиот, како и настанатата материјална штета допрва ќе се утврдуваат, но ова не е прв пат објекти на поранешната најголема фабрика да биде зафатена со пламени јазици.
До сега најмалку пет до шест пати пожарникарите интервенирале на овој објект поради пожар, но ниту еднаш до сега во билтенот на Министерството за внатрешни работи не се појавило лице одговорно за истите против кое ќе биде поднесена кривична пријава.