Повеќе од две третини од гласачите за кандидати за Претставничкиот дом на САД не сакаат претседателот Џо Бајден да се кандидира за реизбор во 2024 година, покажуваат првите резултати од националната анкета спроведена за Си-Ен-Ен и други новински мрежи од страна на Едисон Рисрч.
Повеќе од 7 од 10 независни гласачи и приближно 9 од 10 републикански гласачи рекоа дека не го сакаат Бајден во претседателската кампања во 2024 година.
Помалку од 6 од 10 демократски гласачи сметаат дека тој сепак треба да се кандидира.
Нешто помалку од 6 од 10 гласачи имаат неповолно мислење за Бајден, а приближно истиот дел не ја одобрува работата што тој ја врши како претседател.
Само 1 од 10 демократски гласачи имаат неповолно мислење за Бајден како претседател и не ја одобруваат неговата работа.
Повеќе од 9 од 10 републикански гласачи мислат дека Бајден е лош претседател и не ја одобруваат работата што ја работи.
Кога станува збор за Трамп, две третини од независните гласачи и повеќе од 9 од 10 демократски гласачи имаат неповолно мислење за него.
Нешто повеќе од три четвртини од републиканските гласачи имаат позитивно мислење за Трамп.
Независните гласачи сочинуваат околу една четвртина од гласачкото тело, додека демократските гласачи сочинуваат околу една третина и републиканците нешто повеќе од една третина од електоратот.