Во изминатите 24 часа вкупно биле издадени 2.292 потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил, со што бројката од почетокот на годината до сега достигна 52.503, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Од издадени потврди последното деноноќие најмногу се на деца бегалци придружува од рдоители или старатели и нивната бројка изнесува 927, додека возрасни мажи 852 и 513 жени. Според државјанството пак најбројни се државјаните на Сирија – 1243, Авганистан – 671 и Ирак – 378.
До Секторот за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил во последните 24 часа, иако во извештајот ан Регионалниот центар за управување со кризи утринава стоеше известување дека две малолетни лица баратели на азил се префрлени во Центарот во Визбегово.