После вооружениот напад, кумановчани не плаќаат вода

Сподели со своите пријатели

Драстично е намалено плаќањето сметки за вода по вооружените дејства во Куманово, соопшти денес директорот на ЈП ”Водовод”, Горан Стојковски, откако претпријатието според последните финансиски извештаји, оценило дека приходите заклучно со 15 мај се помали за 2 милиони денари во споредба со четирите последни месеци од 2015 година.

Loading...

Со оглед дека доаѓа период на високи температури, ЈП ”Водовод” апелира до граѓаните редовно да ги подмируваат заостанатите долгови за вода, за да градот повторно не се доведе во криза со водоснабдување, земајќи ги во предвид претходните случувања, кога ЈП Водостопанство ”Кумановско – липковско поле” поради неподмирени долгови, го сопре дотурот на вода од липковската брана.

Во текот на минатата година, како што вели Стојковски, Општина Куманово и покрај тешката финансиска состојба, успеала да одвои 25 милиони денари како финансиска помош на ЈП ”Водовод”, со што, претпријатието повеќе не може да се обрати за помош поради нередовно подмирување на долговите од страна на граѓаните и акумулирање на долгови како последица на граѓанската неодговорност.

Воедно, Стојковски информира дека куќите во нас. Тоде Мендол, поточно оштетените куќи во ”Диво насеље” нема да добијат сметки за месец мај и се до повторно вселување на семејствата, водата ќе биде исклучена.

Водоводната мрежа во целата населба, вклучувајќи ги и оштетените куќи е санирана, и дотурот на вода се одвива непречено.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *