После разводот, продал сè што има и отишол да живее во шума (видео)

Сподели со своите пријатели

Анџело Валкенбор имал сè што треба за нормален живот, и тоа, добра работа, брак и убав дом. Но, во еден момент сфатил дека ништо од наведеното не го прави среќен, па одлучил, драстично да го промени животот.

Loading...

Овој 31 – годишен Белгијанец, продал сè што има, и отишол да живее во шума.

Иако природата отсекогаш го воодушевувала, тој вели дека работата и семејството никогаш не се вклопиле во неговиот живот. Дури откако се вратил од триседмична експедиција во Шведска, Анџело сфатил дека бракот му е пред распад. Неговата страст кон природата била премногу за неговата сопруга.

Не можам да ја обвинувам, напиша Анџело на својот блог. Иако денес тој сфаќа зошто му се распаднал бракот, Анџело по разводот паднал во тешка депресија, поради што почнала да страда и неговата работа. Година дека потоа се вратил во дивината како би ги избистрил мислите, а потоа сфатил дека тоа е онаа што навистина го сака, т.е живот во природа.

Западнав во систем во кој не припаѓам. Сфатив дека ова за мене е неотуѓив дел и дека вистински уживам додека сум овде. Дадов отказ на работа, ја продадов куќата и сè што имам, а облеката ја подарив на посиромашните. Најтешко ми падна тоа што морав да се простам од кучето кое остана да живее со сопругата, вели Анџело.

 

Кога средил сè што треба, Анџело се отселил во шума во Словенија. Се храни со бобинки и жаби, а месо купува во соседно село бидејќи лов без дозвола не е дозволен.

Loading...

Иако веќе четири години живее во шума, тој и понатаму тврди дека добро се снаоѓа, и дека е среќен.

Анџело вели дека желба му е да отпатува во Канада, Сибир и Алјаска каде што е дозволено да се лови, и каде вистински може да ужива во живото налик своите претци.