Вториот дел од турнирот Еуроспорт Куп во Куманово ќе се одржи од 4 до 6ти октомври, а на кој учество ќе земат децата родени 2013, 2015 и 2017 генерација.
По успешниот прв дел од турнирот кој се одржа пред две недели и на кој ги видовме едни од најдобрите екипи во Европа како Бешикташ, Динамо Загреб и Црвена Звезда, овој викенд ќе биде дополнително збогатен со екипи како што се Порто од Португалија,Чукарички, Црвена Звезда, Младеновац, Престиж Врање од Србија, КХС од Малта, КСВ Анкерброт од Австрија, Хлапетата, ЦСКА Софија и ВИР Академија од Бугарија,Нуртепе од Турција како и сите најдобри фудбалски школи од Македонија.
– Ги повикуваме љубителите на фудбалот да дојдат на Зик стадионот и Арена Еуроспорт во Куманово и да ги проследат натпреварите на овој исклучително силен турнир каков што ретко се гледа во Македонија, велат организаторите.
Никола Ивановски