Португалската министерка за здравство поднесе оставка по смртта на трудница

Сподели со своите пријатели

Португалската министерка за здравство Марта Темидо поднесе оставка неколку часа откако во Португалија почина бремена индиска туристка, пишува Ројтерс.

Loading...

Трудницата поради полн капацитет не била примена во породилиштето.

34-годишна Индијка почина од срцева слабост на пат кон друга болница во Лисабон.

Португалскиот министер Антонио Коста изјави дека смртта на бремена туристка е „последната капка“ и ја натера министерката да поднесе оставка.

Во соопштението за оставка на министерот за здравство, владата посочи дека Темидо констатирала дека повеќе нема услови да остане во владата.

Густаво Тато Борхес, претседател на португалското здружение за јавно здравје, за РТП изјави дека не очекувал нејзина оставка и бил изненаден што Темидо се повлече додека има „акутни проблеми“ во здравствениот сектор, пишува Би-би-си.

Детето преживеало

Породилните центри во Португалија се борат со недостиг на медицински персонал, а како резултат на тоа некои беа принудени да се затворат.

Поради тоа, родилките често се преместуваат од болница во болница, што е ризично во нивната состојба.

Loading...

Недостигот на здравствен персонал во Португалија, особено оние кои се специјализирани за гинекологија и акушерство, ја натера владата да размислува за регрутирање од странство.

Во случајот со 34-годишна Индијка, фатално е префрлањето во друго породилиште, а целиот случај се истражува.

Нејзиното дете го преживеало породувањето и е во добра здравствена состојба.