Портокалова тревога во Франција: Бури и обилни врнежи од дожд доаѓаат по пеколните горештини

Сподели со своите пријатели

Три департмани на југоистокот на Франција – Ардеш, Дром и Изер ќе бидат на портокалово ниво на тревога за грмотевици од денес во 15 часот, објави Метео-Франс.

По интензивната жештина во текот на вчерашниот ден, се очекува бурна епизода со обилни врнежи од дожд во кратки периоди, објави Фигаро.

Се очекува затишје во вториот дел од ноќта помеѓу четврток и петок.

Корзика исто така ќе биде на портокалово ниво од утре во шест часот поради грмотевици, со можност за локално силни налети на ветер и обилни врнежи од дожд.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  На Германија ѝ недостасуваат работници, па затоа сè повеќе ги отвора вратите за странци